Васили Ломаченко убедливо го победи Јапонецот Масајоши Накатани во нивната пресметка во лесна категорија. Ломаченко успеа да ја надмине повредата добиена на почетокот од мечот.
За сите беше интересно да видат какви промени направи Ломаченко по неговиот пораз од Теофимо Лопез пред 8 месеци. 33-годишниот Украинец успеа да зададе многу удари од различни агли, во комбинација со многу агресија. Накатани одговори со десен директ, а Ломаченко имаше компликација со повредата.
Ломаченко успеа да зададе силни удари кои му ги затресоа колената на противникот во третата рунда и не успеа да најде одговор за контранапад.
Down goes Nakatani 😯
Lomachenko scores the first knockdown of the fight in Round 5. #LomaNakatani pic.twitter.com/l33JPXts4T
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) June 27, 2021
Ломаченко го смени стилот според предизвиците што му ги зададе противникот, а работите во седмата рунда почнаа да се влошуваат за Накатани. Дуелот стана едностран, откако Ломаченко зададе силни удари во главата на противникот.
Ова продолжи и во следните рунди, бидејќи по друга серија, на Накатани му отече окото, кое целосно се тресеше. Потоа судијата интервенираше и го прекина мечот.
По овој настап најреално е да има реванш меч со Теофимо Лопез, иако го избегнува по секоја цена.
LOMACHENKO IS BACK. What a performance! #LomaNakatani pic.twitter.com/GHDn1VUX3e
— CATCHWEIGHT™️ (@catchweightpod) June 27, 2021