Ломаченко: Борбата со Камбосос е вистинската за мене

Васил Ломаченко (17-3) гледа совршена можност во борбата со Хорхе Камбосос Јуниор (21-2) да се врати на шампионската патека откако го претрпе првиот пораз во изминатите неколку години од Теофимо Лопез (20-1), a потоа и вториот од Девин Хејни (31-0).

„Сега мојата цел е повторно да станам светски шампион. После тоа ќе можам да размислувам за неприкосновената титула“, изјави „Лома“ за Бокс сцена.

Нивната средба со Камбосос е закажана за 12 мај во Перт. Во прашање ќе бидат појасите на ИБФ и ИБО во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON