Васил Ломченко минатиот викенд уште еднаш со доминантна изведба ја одбрани титулата светски шампион во суперперолесна категорија.
На Украинецот очигледно не му е потребен одмор, своите услуги му ги понуди на Конор Мек Грегор.
„Хај –Теч е подготвен да му помогне на Ирецот како спаринг партнер за Флојд Мејведер и да го замени Полие Малигнаги, кој со незадоволство го напушти тренинг кампот УФЦ првакот.
„Озлогласен ти треба ли уште еден спаринг партнер за да ги тестираш своите вештини? Повикај“, му порача Ломаченко на Мекгрегор преку Твитер.