Лобирањето почна: ММА станува олимписки спорт

pankration
pankration

ММА веќе за четири години би можел за прв пат да стане дел од Олимписките игри и да бидат примени во семејството на олимписки спортови. Иако за тоа се зборуваме се повеќе и повеќе во последниве години, оваа недела, по најголемото проширување во историјата на Олимписките игри (Олимписките игри во 2020 година се примени карате, безбол, скејтбординг, софтбол, климбинг), шефот на УФЦ, Лоренцо Ферита, најави дека наскори и тоа ќе му се случи и на ММА.

„Олимпијадата е бизнис, и тие сакаат да ја привлечат помладата публика на телевизиската програма. Со оглед на тоа како се развива на УФЦ, со тек на времето ММА ќе биде дел од Олимписките игри“”, рече Ферита за „Мирор“. Всушност, меѓу борците на УФЦ, дури и шампионите, има низа од борци кои се натпреваруваа во други спортови на Олимписките игри, а некои од нив освоија медали.

 Дана Вајт, првиот човек на најсилната ММА организација која секоја година ги урива рекордите на гледаност, шанса ја гледа во пад на популарноста на борењето, кое наскоро може да го замени ММА. „Со години се борам со тоа. Колеги и училишта го оставаат борењето. Тоа е добар спорт, добра основа за мешаните борби, но тоа никој не сака да го гледа. Секој спорт денес зависи од продажбата на билети, гледачи и други работи кои одат со тоа. Влезот на ММА на Олимписките игри би било еволуција. Ние носиме гледачи, било на ТВ или не. Овој спорт го има тоа, а борењето не“, вели Дана Вајт.

Сепак, иако многумина го гледаат УФЦ како лидер на ММА спортот, постои и IMMAF, меѓународна аматерски ММА федерација која во составот веќе има половина олимписки признати членки, од вкупно 58, од странските држави или национални олимписки комитет. Шефот IMMAF на Денсинг Вајт, поранешен олимписки џудист и поранешен претседател на Британските џудо сојуз, своето искуство го насочи кон една цел – потполнои меѓународно признавање на ММА.

„Фантастично да се види дека каратето, уште еден базичен ММА спорт, стана олимписки. Како и џудото, таеквондото, боксот и борењето, карате е дел од ММА и неговото признавањето ни дава надеж додека ја поднесуваме аплицирањето за признавање на нашиот спорт. Нашата цел е ММА да стане признаен и како олимписки спорт. Ова е највисоко ниво на признание за било кој спорт, затоа и ќе се стремиме кон тоа“, порачаа од IMMAF.

Меѓу земјите во кои се признаени ММА федерациите се Бразил, Канада, САД, Албанија, Чешка, Белгија, Грција, Италија, Португалија, Шведска, Нов Зеланд, Камерун, Јужна Африка, Египет и голем број на држави или на Националниот олимписки комитет во Европа, Африка и Азија.

За признавање на спортот како олимписки потребно е да се исполнат голем број на критериуми, аво IMMAF и во УФЦ се сметаат дека се на добар пат на развој на нови правила и интензивно „чистење“ на спортот од допинг, а веруваат дека до Летните олимписки игри во 2024 година може да влезе во олимпиското семејство во кое, според многумина, природно му припаѓа. Историчарите потсетуваат дека на оригиналните античките Олимписки игри во 7 век п.н.е. и Грците имале ММА – кој се викал pankration и тоа било борба со голи раце, без многу правила, а борците користеле различни техники на бокс, борење, удари со нога, давења, лостови… Касањето и брцање во очите не им биле дозволени, но ММА денес и на аматерско и професионално ниво, има многу повеќе правила.

Во секој случај, новата пет спортови штотуку се избрани, премиерата ќе ја имаат во Јапонија во 2020 година, а ММА челниците, борците и навивачите имаат четири години на лобирање за да се изборат за гласови на новата седница на Меѓународниот олимписки комитет за Олимписките игри во 2024 година, кои треба да добијат домаќин. Лос Анџелес е еден од кандидатите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON