Љупче Михајлов: Со голема мотивираност, трпение и напорни тренинзи освоив медал

Љупче Михајлов го освои единствениот медал за Македонија на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага, Чешка, со што ја продложи традицијата на освојување медали од европските шампионати.

Медалот е големо признание за КК Штип и тренерите Сашко и Жарко Арсовски кои добија уште еден европски медалист.

Михајлов во борбата за бронзениот медал го совлада Август Рамос од Италија со 3-1.

Дебитанстки медал. Какво е чусвтвото?

-Чуството е прекрасно! Ова само се доживува. Не можам да го опишам. Ова е среќа која му ја посакувам на секој спортист.

Што значи овој медал за тебе?

Овој медал за мене значи поголема мотивираност и желба за поголеми успеси во иднина.

Беше многу блиску до финалето. Што недостатсуваше за борба за златото?

-Имав 4-ри борби едно по друго можеби тоа беше пресудното. Секако, малку и среќа.

Каква беше мотивираноста пред борбата за бронзата?

-Благодарение на моите тренери мотивораноста пред секоја борба е огромна и тоа е нешто кое на секој спортист, верувам, многу му значи. Исто така, во тоа придонесува и самата публика. Голема благодарност и до моите другари со кои тренираме, кои беа присутни тука и ме бодреа.

Кои се твоите карате цели и настапи?

-Моите цели се медал од секое првенство и огромен успех кој, освен што ми значи мене и ме мотивира, воедно ја претставува и мојата земја надвор од границите. Веќе неколку години сум државен првак на Македонија, имам учества на балкански првенства, исто така со освоени медали. Неколку пати учествувам на европски првенства и сега со голема мотивираност, трпение и напорни тренинзи освоив и медал.

Каква е улогата на тренерите Сашко и Жарко Арсовски?

-Како што нагласив и претходно, без тренерите никогаш не би го постигнал овој успех. Тренирам од 2012 година, тие ми се огромна поддршка. Прво благодарение на напорните тренинзи, укажувањата на секоја грешка, мотивираноста денес освоив медал. Па во оваа прилика би сакал да изразам огромна благодарност до нив, од утре продолжуваме уште посилно.

ЕП Јуниори
-68 кг
Љупче Михајлов – Махмуд Алмал (Луксембург) 8-0
Љупче Михајлов – Бенце Силаџи (Унгарија) 5-3
Љупче Михајлов – Андреас Ниц (Австрија)
Љупче Михајлов – Мераб Сурманидѕе (Турција) 2-0
Полуфинале
Љупче Михајлов – Гилерме Гонкалвес (Португалија) 1-1
За бронза
Љупче Михајлов – Август Рамос (Италија) 3-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON