По синоќешната борба меѓу Хорхе Масвидал и Нејт Дијаз на УФЦ 244 настанот кој му припадна на Масвидал откако беше прекината од страна на лекарскиот тим по тертата рунда.
Разменија тешки удари за време на трите рунди, по кои лекарите проценија дека раскрварениот Нејт Дијаз не може да ја продолжи борбата, како последица на расекотините кои ги доби од моќниот Масвидал. Со тоа, 34-годишниот Хорхе стигна до појасот „најлошо копиле“ кој УФЦ го смисли за оваа борба меѓу двајцата врсници, а иако атмосферата беше бурна пред борбата, по крајот на истата, двајцата си честитаа за прикажаното.
Неверојатниот Дијаз уште еднаш ни демонстрираше дека може да стои на нозе и во ситуација кога прима нестварно тешки удари, а неговата издржливост ја потенцираше и промоторот на УФЦ, Дана Вајт со објава на социјалните мрежи.
Хорхе Масвидал го доби појасот за „најлошто копиле“.