Екипата на БК Лирија во вкупен пласман го освои второто место на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Приштина, Косово, во конкуренција на клубови од Албанија, Косово, Кипар и Македонија.
Репрезентативецот Јасин Реџелари (-65 кг) покажа дека во сениорска конкуренција дека е еден од најдобрите борачи во регионот освојувајќи го првото место, но ништо помалку убедлив не беше и Елмедин Сејфулаху (- 57 кг), сега како сениор, покажувајќи дека македонското борење може да очекува големи резултати од него. Впрочем, тој го доби пехарот за најдобар борач.
Први места освоија и Раиф Камбери (-61 кг) во сениори, Минир Реџхепи (-55 кг) во јуниори, додека во јуниори до 50 кг Фати Вејсели беше втор, како и Самир Реџепи во 55 кг. Амир реџхепи (- 57 кг) е трет во сениори, како и Риад Реџхепи (- 61 кг) и Фуат Ќаили (-74 кг).
Ipon.mk/В.Д.