На Изборното првенство за сениори во борење слободен стил во Радовиш екипата на Лирија има тројца прваци, Тефејуз и Вардар по двајца, а Балканец еден.
Елмедин Сејфулаху е прогласен за најдобар борач на првенството, додека борачите на Вардар, натурализираните Македонци Владимир Егоров и Халил Зубаиров беа пресилни за своите противници.
Екипата на Лирија вкупно собра 36 поени пред Тефејуз со 21 и третиот Балканец со 16 поени, потоа следат Бучим 11, Вардар 10, Спартак 7, 7 Мај Леов 5.
Техничката организација на првенството беше одлична, но од кавлитетот не може да бидеме задоволни, поради тоа што голем број на борачи се во странство, а некои домашни не се појавија. Од друга страна Спартак од Кочани до двата освоени медали се разбуди од сонот, а Бучим од Радовиш немаше ниту еден првак.
Изборното првенство 2017
57 кг
1.Владимир Егоров – Вардар
2.Армин Идризи – Тефејуз
3.Минир Реџепи – Лирија
3. Халит Османи – Лирија
61 кг
1.Елемедин Сејфулаху – Лирија
2. Иван Јанев – Бучим
3. Леонардо Насески – 7 Мај Леов
3. Герче Батески – Бучим
65 кг
1.Риад Реџепи – Лирија
2.Шаип Брава – Лирија
3.Елмедин Османи – Лирија
70 кг
1.Бехар Махмути – Тефејуз
2.Басри Јусуфи – Лирија
3.Ружди Елези – Лирија
74 кг
1.Бунјамин Нуиши – Тефејуз
2.Александар Павлев – Спартак
3.Фиданчо Јованов – Бучим
3.Борче Богатиноски – 7 Мај Леов
86 кг
1.Халил Зубаиров – Вардар
2.Михаил Николов – Балканец
3.Џан Назифов – Балканец
3.Рамадан Мустафовски – Тефејуз
97 кг
1.Бобан Савев – Балканец
2.Александар Донев – Балканец
3.Кристијан Крстев – Бучим
3.Валон Рогачи – Лирија
125 кг
1.Рамазан Бакија – Лирија
2.Мите Здравев – Бучим
3.Ердал Раимов – Бучим
3.Иван Викиќ – Спартак
ЕКИПЕН ПЛАСМАН:
1. Лирија 36 бода
2. Тефејуз 21”
3. Балканец 16”
4. Бучим 11”
5. Вардар 10”
6. Спартак 7”
7. 7 Мај Леов 5
На првенството учествуваа и две борачки од БК 7 Мај Леов – Прилеп: Катерина Мирческа – 60 кг и Тамара Игнатовска – 63 кг.
Ipon.mk/В.Д.