По одржувањето на Државното првенство за сениори трката за Куп победникот на Македонија продолжува, пред се меѓу Балканец и Лирија. Штипјани на Државното првенство освоија 47 поени, а скопјани 43, додека Бучим собра 23 и Безбедност 1.
Сепак, Лирија ја задржа лидерската позиција со 189 поени пред Балканец со 160 и Бучим со 116.
Досега се одржаа пет првенства: Изборно за сениори, Изборно за У- 23, Изборно за јуниори, Изборно за кадети, Државно првенство за сениори. Наредните четири шампионати ќе го дадат победникот на Купот, и тоа: Изборно првенство за пионери, Државно првенство јуниори, Државно првенство за кадети и Државно превснтво за пионери.
Табела – Куп на Македонија
1.Лирија 189
2.Балканец 160
3.Бучим 116
4.Тефејуз 65
5.Скопје 14
6.Неготино 12
7.Вардар 7
ipon.mk/В.Д.