По Државното јуниорско првенство во Радовиш се зголеми разликата меѓу водечката Лирија и второпласираниот Балканец за Купот на Македонија. Сега Лирија има 221 поен, Балканец 174 и Бучим 138.
Остануваат уште две првенства по кои ќе се знае освојувачот на Купот.
Сепак, Лирија ја задржа лидерската позиција со 189 поени пред Балканец со 160 и Бучим со 116.
Јуниорите на Скопје освоија 5 бода, на Студеничани 4, а по 2 освоија 7 Мај Леов и Неготино. Во женска конкуренција Безбедност освои 9 поени, а 7 Мај Леов 2.
Досега се одржаа пет првенства: Изборно за сениори, Изборно за У- 23, Изборно за јуниори, Изборно за кадети, Државно првенство за сениори и Државното јуниорско првенство. Државно првенство за кадети и Државно превснтво за пионери ќе го одлучат победникот.
Табела – Куп на Македонија
1.Лирија 221
2.Балканец 174
3.Бучим 138
4.Тефејуз 65
5.Скопје 19
6.Неготино 14
7.Вардар 7
ipon.mk/В.Д.