Борачите на Лирија ги почнаа базичните подготовки за годинава во нивната традиционална база на планината Китка.
На осумдневните подготовки се отидени борачи од сите возрасни категории, почнувајчи од деца, кадети, помлади и постари јуниори, завршувајќи со сениорите, односно околу 65 луѓе. Во овој дел од тренажниот процес се вклучени и шестмина претставници од Косово, кои ќе послужат за размена на искуства и спарингување.
Да потсетиме дека минатата година БК Лирија го освои Купот на Македонија, како резултат на успесите во сите возрасни натпреварувања, а Јасин Реџелари и Елмедин Сејфулаху вчера отпатуваа на подготовки со репрезентацијата во Бугарија, кои на претстојните турнири ќе бркаат олимписка виза.
И оваа година има високи цели: да биде најдобар во Македонија и неговите борачи да се вратат со медали од големите меѓународни првенства.
Ipon.mk/В.Д.