Лирија доминираше и кај пионерите, Балканец втор!

Лирија пионери во радовиш

Лирија беше најдобра и на Државното пионерско првенство во борење денеска во Радовиш, на кое настапија 65 борачи од 7 клубови.

Најмногу натпреварувачи имаше Лирија-24, Балканец – 14. Овие екипи имаа и најдобри резултати. Лирија освои 5 први места, а Балканец 3.

Бесир Алили (-32 кг) и Мартин Стојанов (-42 кг) беа неприкосновени во своите категории и покжаа најмногу од борењето. Интересни борби иаше и во категориите до 35 и 38 килограми. Сепак, може да се заклучи дека има категории на Лирија и категории на Балканец. Од друга страна, Скопје, Тефејуз, Студеничани, Неготино, покрај сигурниот Бучим, најавуваат дека подготвуваат борачи.

Лирија со 24 борачи освои 52 бода, Балканец со 14 борачи 37, Скопје 11, Бучим 10 бода.

пЕТАР ТОДЕВ БАЛКАНЕЦ НА ПИОНЕРСКО

Резултати:

35 кг – 4 учесници

  1. Мухамед Феруку (Лирија)
  2. Авди Јашари (Студеничани)
  3. Омер Феруку (Лирија)
  4. Мите Јосифов (Бучим)

38 кг – 10 учесници

  1. Аид Салихаси (Тефејуз)
  2. Берат Џемаили (Лирија)
  3. Идар Идриз (Скопје)
  4. Земри Авдили (Студеничани)

42 кг – 10 учесници

  1. Мартин Стојанов (Балканец)
  2. Филип Тасев (Балканец)
  3. Бобан Мијалев (Балканец)
  4. Ико Гичев (Балканец)

47 кг – 8 учесници

  1. Давид Мишев (Балканец)
  2. Ќемал Дестанов (Балканец)
  3. Омер Фуга (Лирија)
  4. Реџеп Хајдари (Скопје)

53 кг – 9 учесници

  1. Адем Асани (Лирија)
  2. Џихад Исмаили (Лирија)
  3. Зеид Фуга (Лирија)
  4. Агон Селими (Лирија)

59 кг – 12 учесници

  1. Хамза Јашари (Лирија)
  2. Давид Банов (Бучим)
  3. Ѓерче Димов (Бучим)
  4. Андон Марковски (Неготино)

66 кг – 3 учесници

  1. Хадис Бајрами (Скопје)
  2. Орхан Џафери (Лирија)
  3. Хадис Имишти (Скопје)

73 кг – 5 учесници

  1. Петар Тодев (Балканец) 2. Бобан Панов (Балканец)
  2. Филип Бамбур (Неготино)
  3. Јусуф Пајазити (Тефејуз)

85 кг – 1 учесник

  1. Иљаз Наиб (Лирија)

 
ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON