Лиото Мачида сака двобој со Федор Емилијаненко, од Белатор се согласуваат

Поранешниот светски шампион на УФЦ во полутешка категорија, Лиото Мачида, оваа недела потпиша договор со Белатор.

Приклучувајќи се на листата на новата организација, Мачида се приклучи на многу борци кои го заменија УФЦ со Белатор. Некои од нив се Рори Мек Доналд, Гегард Мусаси, Рампејџ Џексон, Рајан Бадер, Рој Нелсон, Бенсон Хендерсон, Мет Митрион, Чаел Сонен и други.

Околу известувањата за договорот Белатор – Лиото, претседателот на организацијата Скот Кокер откри некои многу интересни работи кои се однесуваат на идните можности за бразилскиот борец.

„Лиото ми го кажа следново: Сакам да се борам во две категории, сакам да сум активен во текот на годината и сум подготвен да се борам против секого“.

„Имаме силна категорија кај полутешкашите, каде што ќе се бори тој, но и стабилна средна категорија. Мислам дека еден од најголемите мечеви што сакам да го видам е Лиото Мачида против победникот од Мусаси – Мекдоналд“.

Веројатно најголемата вест дојде со споменувањето на „Последниот император“.

„Лео ми рече дека сака да се бори против Федор. Ќе видиме. Имаме многу можности за големи борби. Ќе почекаме да го проследиме претставувањето на Емелијаненко на турнирот. Сега ќе треба да се бори со Сонен и ако стане шампион, а Лиото сака да се бори со него … зошто да не? Зошто да не се организира таква борба?! Тоа ќе биде голем спектакл“, заврши Кокер!

https://youtu.be/tuhOyNjS3M4

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON