Лиото Мачида од УФЦ премина во Белатор

Поранешниот шампион во полутешка категорија на УФЦ, Лиото Мачида (24-8), потпишал договор со конкурентската ММА организација Белатор.

40-годишниот Мачида дефинитивно не е истиот борец кој го нокаутира Рашад Еванс во 2009-тата и ја освои титулата, но, сепак, успева да направи атракција во кафзот. Затоа Белатор одлучи за големи битки да го привлече „Змејот“.

„Можеби не оваа есен, но другата година ќе го видите Гегард Мусаси против Лиото. Или, пак, Рори Мек Доналд против Лиото“, изјави претседателот на организацијата, Скот Кокер.

И надвор од средна категорија Кокер има големи планови за Мачида. Гоелмите успеси на Бразилецот се во полутешка категорија, затоа организаторите може да го насочат и таму да се бори.

„Може да го видите против Федор. Рајан Бадер. Мухамед Лоуел. Фил Дејвис. Имам многу добри борци и во двете категории“, додаде Кокер.

Мачида во УФЦ забележа 16 победи и 8 порази.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON