Лиото Мачида не размислува за повлекување!

lyoto-machida-vazelin

По сè изгледа дека Лиото Мачида ќе продолжи да се натпреварува во октагонот. Бразилецот (37) ја имаше можеби најслабата претстава во последните неколку дуели во УФЦ. 

Откако во април беше принуден од Лук Рокхолд да се предаде, пред една недела забележа уште еден последователен пораз, но овој пат со нокаут од Јоел Ромеро, а како на тоа го додадеме и поразот за шампионската титула против Крис Вајдман, работите навистина стануваат сериозни.

Но, според неговиот менаџер Ед Соареш, Лиото нема намера да се наскоро да се откаже од активното натпреварување. Маќида (22-7, 14-7 УФЦ) се уште не објавил, дали ќе продолжи да се бори во средна категорија или ќе се врати назад во полутешка, каде што успеа да стане шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON