Леонардо Лимај и Енис Алиу не го минаа четвртфиналето на силниот Меѓународен турнир „Јуниорски Куп на нациите“ во Врбас, Србија.
Вчера Лимај загуби од Камбуракис од Кипар со едногласна одлука на судиите, додека денеска Алиу загуби со прекин во третата рунда од Мијатов од Србија. Лекарот поради крварење на носот ја прекина борбата.
Утре настапува Петар Арсовски и ќе ги одмери силите со Александру Гиндак од Романија.
На турнирот учествуваат 119 боксери од 16 земји во светот.
Резултати:
50 кг Леонардо Лимај – Николас Камбуракис (Кипар) 0-5
57 кг Енис Алиу – Ѓорге Мијатов (Србија) 0-5 (Р3, прекин од лекар)
52 кг Петар Арсовски – Александру Гиндак (Романија)