Големиот јапонски мајстор Рисуке Отаке замина во легендите

Во својот дом во близина на градот Нарита, вчера на 95 годишна возраст, почина шиханот Рисуке Отаке Минамото но Такејуки.

За тие кои не се многу упатени во традиционалните јапонски боречки вештини, Рисуке Отаке беше чувар и главен учител на најстарата и најпочитуваната Буџутсу школа – Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу.

Рисуке Отаке (1926-2021)

Во текот на својата кариера, учителот Отаке учествувал во многу документарни филмови за Кобудо, меѓу кои најпознат е „Патот на Воинот“, продуцирана за британскиот национален телевизиски сервис ББС.

Во текот на својот плоден живот, сенсеи Отаке ја пренел богатата традиција на стотици ученици од неколку земји, а Македонија е меѓу ретките земји во светот каде што може да се вежба Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу.

Учителот Отаке со својот претставник за Македонија – Игор Довезенски

Во нашата земја, главен инструктор за оваа вештина е Игор Довезенски, основачот на Организацијата „Пат кон Сонцето“, кој воедно е главен инструктор и за (Буџинкан) Нинџутсу, како и за Даито рју Аикиџуџутсу.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО