Лидел е категоричен, ќе го исшлакам Мајк Тајсон на улица (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во тешка категорија на УФЦ, Чак Лидел има голема сличност со Мајк Тајсон – и двајцата беа најсветлите sвезди во сбојот спорт и својата ера.

И двајцата ги завршуваа борбите со спектакуларни нокаути.

Лидел тренираше во сите аспекти на мешани бореќки вештини (ММА), а Тајсон остана верен на боксот.

Но, во реалноста, кој е посилниот борец? Или колку е модерно – кој е „лошото копиле“?

„Во улична борба, ќе го победам“, рече Лидел во интервјуто за Ед Мулет. „Тој се уште има шанса да ме удри со некаков среќен удар. Има шанса да ме изненади. Но, ако не го стори тоа, тој е таму“.

49-годишниот Лидел последен пат се бореше во ноември 2018 година, кога го нокаутира долгогодишниот ривал, Тито Ортиз. И Тајсон (53) се повлече од спортот на 38-годишна возраст, откако во 2005 година загуби од Кевин МекБрајд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON