Антонина Шевченко не успеа да го направи она што го постигна нејзината помлада сестра Валентина. Минатиот викенд на УФЦ во Вегас се сретна со Кејтлин Чокагјан и беше тотално издоминирана од поранешната кандидатка за титулата. Антонина беше неуспешна, иако за борбата се подготвуваше со сестра и, која претходно оваа година ја нокаутира Чокагијан во битка за титулата во мува категорија.
Постарата сестра загуби со одлука на судиите (30-25, 30-25, 30-25), а ова беше нејзин втор пораз во УФЦ. Така, 35-годишната спортистка е со скор 2-2 во УФЦ и 8-2 во ММА. Таа реши да го покаже лицето по пресметката со Чокагјан и се закани дека ќе се врати подобра.:
„ММА е тежок спорт, но тоа е мојата судбина. Ќе се вратам посилна“, рече Антонина.
https://www.instagram.com/p/CA1mI2XpNly/?utm_source=ig_embed