Лице облечено како маскота на Мајами заврши во болница по нокаутот на Конор (ВИДЕО)

Конор Мек Грегор беше гостин на четвртиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Мајами Хит и Денвер Нагетс.

Големата ѕвезда на УФЦ учествуваше во шоу на теренот каде што требаше да размени неколку лесни удари со маскотата на Мајами, Барни.

Конор беше вклучен во промоцијата на ТИДЛ/TIDL, криотерапија спреј за ублажување на болката.

Но, славниот Ирец го удри Барни со силно лево кроше во главата и ја собори маскотата, по што следеше нов удар.

Се чинеше дека се беше однапред договорено, но ударите на Мек Грегор беа доволно силни што лицето кое беше облечено како маскота заврши во болница на преглед.

На мажот му била укажана прва помош и му биле дадени лекови за олеснување на болката.

Скечот беше осмилсен бидејќи Барни носеше златни боксерски ракавици пред да се соочи со ѕвездата на УФЦ.

Но, Мек Грегор погрешно ја процени силата на ударот и човекот мораше да побара лекарска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON