Британскиот боксер Лиам Смит откри дека неговиот ривал Сол „Канело“ Алварез долго време избегнувал меч со Генади Головкин.
Тие се среќаваат саботата. Влогот е титулата на Светската боксерска организација во суперсредна категорија.
„Дефинитивно мислам дека Алварез бегаше од средба со Головкин. Канело едноставно не е доволно голем. Затоа ќе биде под притисок за нашиот меч, бидејќи ја загуби почитта на навивачите“.