Леон Едвардс по откажуавњето на Чимаев бара средба со Масвидал

Ѕвездата во најава на УФЦ, Хамзат Чимаев отпадна од претстојната борба со Леон Едвардс од засега непозната причина, но Британецот е решен да остане на картичката УФЦ ЕСПН 20, која е закажана за 20 јануари во Абу Даби.

„Одмори се, Хамзат, сигурен сум дека ќе се видиме наскоро. Но, сакам да се борам на 20 јануари. Дана Вајт, Шон Шелби, УФЦ, ајде да го направиме тоа!“, напиша Едвардс на Твитер.

Тој подоцна јасно стави до знаење дека сака да се бори со Хорхе Масвидал, кој беше рангиран на четвртото место во карегоријата.

„Каде е таа кучка Хорхе?“, напиша тој.

Висенте Лука и Нил Магни, како и Кевин Холанд веќе објавија желба да го заменат Чимаев на 20 јануари и да се борат против Британецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON