Шансите за следната борба на Леон Едвардс станаа извесни.
Леон минатиот викенд успеа да ја одбрани титулата во велтер категорија. Тој доминираше со Колби Ковингтон на УФЦ 296 во Лас Вегас. Леон победи со одлука и сега обложувалниците ги објавија коефициентите за следната борба на шампионот. Белал Мохамед и Шавкат Рахмонов се двајцата кои сакаат шанса за титулата.
Рахмонов учествуваше и на УФЦ 296 каде го заврши Стивен Томпсон. Тој ја забележа 18-та последователна победа со завршница и е непоразен во 18 меча. Мухамед исто така е во долга победничка серија и веќе имаше една борба со Леон која заврши нерешено.
Букмејкерите го сметаат Леон како тежок фаворит против Мохамед. Леон во борбата со Рахмонов има подеднаква шанса со Казахстанецот.
Коефициент за Белал Мохамед – 4,00
Коефициент за Леон Едвардс – 1,25
Коефициент за Леон Едвардс – 1,91
Коефициент за Шавкат Рахмонов – 1,91`
View this post on Instagram
`