Натпреварувачот во бразилско џиу џиту од тимот „Checkmate“, Лео Виеира направи кратка анализа на непредвидливата борба на неговиот ученик, Маркус Бучеча.
„Многу е тешко за луѓето да ја одгатнат борбата на Бучеча. Никогаш не знаеш што ќе направи тој. Тој може да те внесе во гардот, да те урне. Не може да кажеме за него дека има одреден тип на борба или одредена позиција, за која се залага често“.