Лео Јовановски и Арсим Етеми ќе учетсвуваат на силниот Меѓународен боксерски турнир „Загреб Гранд при 2021“, а ќе ги предводи искусниот стратег Руждија Калач.
Турнирот почнува утре а финалните борби се на 4 декември.
На турнирот ќе настапат боксери од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Полска, Русија, Романија , Србија, Украина и Хрватска.
Победниците ќе добијат по 1.000 евра, финалистите по 500, а освојувачите на бронзенит емедали по 250 евра.