Ленокс Луис: Вајлдер има премногу слабости во однос на Поветкин

diontej wilder-izlaz

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ленокс Луис, предвидува победа на предизвикувачот  Александар Поветкин (30-1, 22 КО) во мечот со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (36-0, 35 КО).

Луис, кој како Поветкин, го освои олимпиското злато, смета дека Русинот е подобар боксер. Поветкин има само еден пораз во кариерата на Владимир Кличко 2013 година.

По освојувањето на ВБЦ титула против Бермејн Стиворн, Вајлдер го бранеше појасот уште три пати.

Луис го гледал во живо Американцот и вели дека има премногу недостатоци за да го победи Поветкин, но мисли дека неговата сила може да го извлече.

„Му давам предност на Поветкин. Тој е многу поискусен, а премногу слабости во борбата на Дионтеј ме мачат. Сепак, неговата снага може да го извлече“, напиша поранешниот шампион на социјалните мрежи.

Борбата ќе се одржи 21 мај во Москва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON