Ленокс Луис и Френк Бруно се согласуваат за тешкашот кој имал најцврста брада

Британските боксери Ленокс Луис и Френк Бруно се сретнаа на 1 октомври 1993 година во рингот во Кардиф армс парк.

Луис го победи Бруно со прекин во седмата рунда за да ја задржи светската титула на ВБЦ и да го продолжи патот кон обединување на појасите.

Двајца големи боксери оставија длабока трага во историјата на тешката категорија и сигурно имаат многу да кажат за нивните кариери и противниците со кои се бореа во рингот.

Во едно неодамнешно интервју, Ленокс Луис истакна дека Оливер Меккол имал најсилна брада од сите борци со кои боксирал.

Лајон загуби само два меча во кариерата, против Оливер Мекол и Хасим Рахман.

„Нема сомнеж. Оливер Меккол имаше најсилна брада. Со години беше спаринг партнер на Мајк Тајсон и имаше одлични рефлекси“, изјави Ленокс Луис.

Френк Бруно го даде истиот одговор, и потврди дека Атомскиот бик можел да издржи силни удари.

„Го удрив толку силно неколку пати, а тој се уште беше на нозе, беше тврд човек. Не можев да разберам како ниту не трепна на некои мои удари“, изјави Френк Бруно.

Поранешниот американски боксер Оливер Мекол (58) во кариерата извојува 59 победи (38 КО), а имаше 14 порази и два откажани меча.

Од 14 порази, тој само еднаш загуби со прекин и тоа на реваншот против Ленокс Луис. Британецот победи со технички нокаут во петтата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON