Ни делат само неколку недели до една од најголемите борби во последно време. Тајсон Фјури и Александар Усик треба да боксираат на 17 февруари во Саудиска Арабија во меч за обединување на шампионските појаси во тешка категорија.
Последниот апсолутен шампион во тешка категорија Ленокс Луис со нетрпение ја очекува оваа борба и често во интервјуа го кажува своето мислење за борбата меѓу Фјури и Усик.
Тоа го направи неодамна, па во едно интервју го спореди мечот за апсолутен шампион со борба меѓу жирафа и зајак.
„Во рингот ќе има жирафа и зајак, се може да се случи во таа борба. Зајакот со својот стил победи на многу натпревари, ќе направи се за да го победи противникот. Така тој оди во оваа борба и ќе бара да победи. А зајаците понекогаш можат да победат“, рекол Ленокс Луис, но не објаснил кој е зајакот, а која жирафа во таа приказна.