Илија Топурија му порача на Александар Волкановски: Твоето време помина

Следниот голем настан на најголемата светска ММА промоција ќе се одржи на 17 февруари во Хонда центарот во Анахајм.

На УФЦ 298 Александар Волкановски по шести пат ќе се обиде да го одбрани шампионскиот појас во перо категорија, а противник ќе му биде Илија Топурија.

Австралиецот со македонско потекло (26-3) владее со поделбата до 66 килограми цели четири години, но шпанско-грузискиот борец (14-0) верува дека има доволно сила и вештина да го симне од тронот.

„Ако доаѓаш по таа нула, биди подготвен да останеш со празни раце. Не сакам да ти дадам ни педа, твоето време истече. Направи си услуга и дојди на борбата, затоа што јас ќе си одам со неколку нули. На крајот на краиштата, готвењето подобро ти оди“, напиша Илија Топурија во порака на Х.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО