До боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон (50-6) и Џејк Пол (10-1) во Тексас останува уште месец и половина, а коментарите за овој меч само ќе се зголемуваат. Ленокс Луис истакна една интересна поента среде сите грижи дека „Железниот Мајк“ се соочува со закана од сериозна повреда со оглед на фактот дека ќе се соочи со противник 32 години помлад од него.
„Што толку многу ги мачи? Мајк Тајсон знае да се брани и ќе боксира со некој што не е толку добар како него. Тајсон знае да те удри и скрши. Повеќе сум загрижен за другиот тип“, изјави легендата за МВП.
Jake Paul in trouble…
Do you agree with Lennox Lewis? pic.twitter.com/yOl0Hio8GL— Most Valuable Promotions (@MostVpromotions) September 30, 2024
Оваа борба веќе еднаш беше одложена поради влошената здравствена состојба на Тајсон, па внимателно следиме што се случува со гала вечерта.