Ленокс Луис е подготвен за реванш со Мајк Тајсон

Последниот апсолутен светски шампион во тешка категорија Ленокс Луис е подготвен за егзебициски реванш со Мајк Тајсон.

„Ако навивачите се навистина заинтересирани за тоа, тогаш сигурно ќе се обидеме да се разбереме. Не знам … Не можам да кажам дека сега нешто ме мотивира да се вратам на рингот. Разбирам дека навивачите би сакале да ја видат оваа битка … Но, лично не сум сигурен“, коментира Британецот.

Луис и Тајсон се сретнаа во рингот во 2002 година. Битката заврши со брза победа на Британцот.

Железниот Мајк официјално ја заврши кариерата во 2005 година, а се врати 15 години подоцна во серија егзебициски борби. Првата беше против Рој Џонс и заврши нерешено.

Според гласините, Тајсон наскоро ќе има нова битка. Негов наводен противник е друга легенда – Ивандер Холифилд, од кого Железниот Мајк губеше два пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON