Камару Усман ја надмина фобијата од змии (ВИДЕО)

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Камару Усман успеа да ја надмине фобијата од змии.

33-годишниот шампион му гостуваше на Мајк Холстон, кој е позната личност на социјалните мрежи. Холстон е попознат како „Вистински Тарзан“ и е познат по тоа што го сака дивиот свет и има многу видови кои ги одгледува во кафези.

Усман имаше фобија од змии, но се сретна со маслиново питон и стравот е минато. „Нигерискиот кошмар“ веќе имаше една борба оваа година, притоа го нокаутира Жилберт Барнс и ја задржа титулата.

Тој е подготвен за реванш со Хорхе Масвидал и најверојатно годинава ќе ги видиме во кафезот. Камару има три одбрани на титулата и е во серија од 17 последователни победи.

А како помина средбата со змијата?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО