Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во супертешка категорија Ленокс Луис изјави дека во неговата глава постојано се вртат мисли за враќање во рингот. И, иако нема намера повторно да ги стави ракавиците, ако сепак се случи тоа, Британецот сака да се бори со својот млад сонародник Тајсон Фјури.
„Постојано мислам за враќање. Сега во боксот можат да се направат многу пари, лесни пари, но … Кога го напуштив, си реков дека сакам да си одам, додека сум на врвот. И, ако се вратам сега, тоа ќе биде неправедно спрема мене. А, ако и изгубам, луѓето ќе речат: „Па, што му требаше да се враќа“? Не, јас сум среќен со она што сум го постигнал.
Но, во слуај,ако сепак повторно се качам во рингот, мојот прв противник би бил … Не знам, можеби актуелниот шампион. Сега тоа е Тајсон Фјури и би можеле да приредиме една многу елегантна борба“, изјави Ленокс Луис во интервју за списанието HOSS.
Како што е познато, наредниот меч на Фјури е реваншот против Влаадимир Кличко, кој сака да си ги врати изгубените појаси.
https://youtu.be/mhE3XlI1ZWM