Лекарите и го спасија животот на ќерката на Тајсон Фјури

Светскиот боксерски шампион Тајсон Фјури доживеа вистински кошмар. Во неделата 33-годишниот Британец се пофали дека станал татко по шести пат. Се роди неговата трета ќерка Атина.

Сепак, сега таткото на боксерот, Џон, откри дека новороденото девојче било мртво за три минути, но е чудесно спасено со навремена интервенција на лекарите од болницата во Ливерпул. Малата Атина е ставена на вештачко дишење, но сега е исклучено и може сама да се справи со тоа.

Тајсон Фјури, кој вчера наполни 33 години, самиот ги призна кошмарните моменти со приказна, објавена на Инстаграм.

„Им благодарам на сите за нивната грижа. Мала Атина е добро, во стабилна состојба и повеќе не е на вештачко дишење. Таа се уште е на одделот за интензивна нега. Благодарност до сите лекари и медицински сестри. Бог да ве благослови“, напиша Кралот на Ромите.

Тајсон Фјури и неговата сопруга Парис имаат три момчиња и три девојчиња. Сите негови машки наследници го имаат Принц како прво име. Неговите други две ќерки се викаат Валенсија Амбер и Венецуела. Треба да се истакне дека ова не е прв проблем со дете на боксерот. Неговата сопруга имаше два спонтани абортуси – во 2014 и 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON