Лејмон Брустер: Џошуа ќе го нокаутира Кличко

Поранешниот светски шампион во бокс за професионалци, Лејмон Брустер даде убедлива прогноза за исходот од дербито Владимир Кличко – Ентони Џошуа.

Мечот ќе се одржи на 29 април во Лондон.

„Верувам дека Џошуа ќе го нокаутира Кличко. Тој е млад, паметен и гладен, а во исто време е скромен. Искрено да ви кажам, не гледам дека некој ќе го победи Џошуа, можеби со исклучок на Дионтеј Вајлдер. Ми остави впечаток со одличните реакции и прецизноста. Владимир има огромно искуство кое може да биде одлучувачки фактор, но генерално сметам дека Джоуша ќе победи“.

Брустер има победа со нокаут над Владимир Кличко во 2004 година.

https://youtu.be/PVLWX0qZDfA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON