Легендите Ренцо Грејси и Казуши Сакураба ќе се сретнат на ОНЕ шампионатот

18 години по нивниот прв легендарен меч на Прајд 10, Ренцо Грејси и Казуши Сакураба повторно ќе се сретнат.

Ниванат првата средба беше епска и го потврди прекарот на Сакураба – „Грејси Хантер“. Тие се сретнаа во август 2000 година на Прајд ФЦ 10, а битката заврши со кршење на раката на Ренцо, откако одби да се предаде.

Речиси две децении подоцна, а ќе се сретнат повторно во специјален меч во граплинг на ОНЕ шампионатот. Имаа еден граплинг дуел во 2014-та на Метаморис 5, кој ги разочара навивачите, бидејќи ремизираа.

Ренцо во моментов има 50 години, а Сакураба 48. Тешко е да се замисли дека ќе има многу акција, но, сепак, станува збор за легенди и сè може да се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON