Полицискиот боречки клуб Безбедност го организираше 17-ти летен спортско едукативен камп во борење слободен стил и женско борење од 8 до 15 август во Струга.
Во рамките на програмата покрај тренинзите во борење, се практикувани модели на тренинзи за развој и усовршување на базичните моторни способности преку пливање, атлетика, полигони, спортски, елементарни, штафетни и борбени игри. Програмaта е реализирана од страна д-р Страшо Глигоров, Шабан Сејдиу и Катерина Поповска.
„Програмата беше посебно прилагодена за специфичностите на возраста, како и степенот на знаењата на учесниците на кампот, а една од клучните цели беа: психо-физички развој на учесниците, подобрување на едукативните информации, повисок степен на социјализација, промоција на позитивните вредности на физичката култура, спортот, фер-плејот и позитивните животни вредности на најмладите генерации“, вели Глигоров.
Кампот го посетил Ристо Таков, таткото на модерното спортско борење во Македонија, кој со сите учесници на кампот одржал час по борење и дал бројни корисни и мотивациони пораки и информации поврзани со различните аспекти поврзани со тренажниот процес, дисциплината, исхраната и друго. Таков, исто така, дал корисни и значајни информации со спортскиот развој на легендата на светското и македонско борење Шабан Сејдиу.
„Оваа беше еден од најдобро организираните спортски кампови, за што голем придонес даде нашиот спортски великан Шабан Сејдиу кој презентираше одлични технички елементи од борење, притоа даваша корисни совети, препораки и сугестии на учесниците и учесничките на кампот. Исто така, симпатичната и вредна професорка, Катерина Поповска даде огромен придонес во реализацијата на програмата. Додека нашиот ценет тренер Таков, одржа фантастичен инспиративен час по борење. Благодарам на сите за севкупниот придонес и верувам дека овој камп ва наредната година ќе биде организиран на уште повисоко,како на организацоно така и на стручно ниво“, истакна координаторот на кампот Страшо Глигоров.
Ipon.mk