Меѓународна сценаММА

Легендарните воинки се враќаат, Ронда Раузи и Џина Карано се согласија да се борат во мај

Легендарните ММА натпреварувачки Ронда Раузи и Џина Карано се враќаат од пензија за пресметка што ќе се одржи на 16 мај во арената „Интуит доум“ во Инглвуд, Калифорнија.

Легендарните ММА натпреварувачки Ронда Раузи и Џина Карано се враќаат од пензија за пресметка што ќе се одржи на 16 мај во арената „Интуит доум“ во Инглвуд, Калифорнија.

Нивната борба ќе биде организирана од „Мост валуабл промоушнс“, промоција за боречки вештини основана од инфлуенсерот Џејк Пол и неговиот бизнис партнер Накиса Бидаријан, а целиот настан ќе биде емитуван во живо на Нетфликс.

Триесет и деветгодишната Ронда Раузи (12-2) не се борела од 2016 година, додека 43-годишната Џина Карано (7-1) ја заврши својата ММА кариера во 2009 година со осум борби. Тие ја организираат борбата во категоријата до 66 кг во пет рунди од по пет минути.

Со своите настапи, Ронда и Џина оставија длабок белег во историјата на женското ММА и ги охрабрија медиумите да покажат поголем интерес за слободните борби. А големата Раузи стана икона на УФЦ и голема ѕвезда на промоцијата што ја води Дана Вајт.

Веројатно најголемата спортистка во женското ММА, Ронда освои олимписки бронзен медал во џудо во Пекинг во 2008 година. Вајт ги искористи нејзините победи со завршница за промовирањето на слободните борби.

„Долго време чекав на оваа објава: Џина Карано и јас се бориме во најголемиот меч во историјата на женските боречки спортови! Соработуваме со МВП, промоција фокусирана на борците, како и со најголемата и најмоќната стриминг услуга – Нетфликс. Ова е за сите фанови на ММА – минато, сегашност и иднина. Има уште многу што треба да се случи… многу повеќе“, рече Ронда Раузи.

Ронда ја заврши кариерата по поразите со нокаут од Холи Холм и Аманда Нунеш, додека Џина ја загуби последната борба со прекин од Крис Киборг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NetflixSports (@netflixsports)

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON