Легендарниот Жозе Алдо: Годинава се борам три пати и се повлекувам од ММА

Легендарниот шампион на УФЦ Жозе Алдо ќе се повлече од ММА само да одработи уште 3 борби.

Во кафезот влегува против Ренато Моикано, следниот месец во Форталеза, а птоа ќе има уште 2 битки од договорот кои Алдо сака да ги направи во Бразил, а по нив, оваа година, ќе се повлече од ММА, на 33 години.

„Сакам да ја завршам мојата кариера во Бразил. Такви се плановите. Сакам да се борам три пати. Сега ќе се борам во Форталеза, а потоа почнуваме преговори за борба во мај на УФЦ 237, што повторно ќе се одржи во Бразил. Во втората половина на оваа година УФЦ ќе се врати во Бразил и сакам ова да биде моја последна борба.

Мора да бидете сигурни дека ќе и направам проблеми на моите противници, бидејќи ќе ги добијам последните 3 меча. Сакам да се повлечам здрав. Не сакам да се пензионирам, а потоа да трошам пари на моето здравје. Денес давам здравје за пари, но не сакам утре да биде така. Сакам да патувам низ светот и да уживам со моето семејство. Не се борам за пари, бидејќи сум ги планирал работите живот и можам да се повлечам без проблем“.

https://twitter.com/sportsusa_net/status/1085642928406609928?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fmma-novini%2Fjose-aldo-tazi-godina-se-bia-tri-pati-i-priklyuchvam-s-mma

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON