Легендарниот Пакијао официјално објави крај на кариерата, ќе се посвети на политиката

Легендарниот боксер од Филипините, Мани Пакијао објави дека повеќе нема да се врати во рингот, тој ја заврши својата кариера на 42-годишна возраст.

Пакијао запиша 62 победи, (39 со нокаут), осум порази и две нерешени борби, освои 12 светски титули, тој е единствен боксер во историјата кој беше шампион во осум различни тежински категории.

„Тешко ми е да прифатам дека моето време помина. Но тоа е така, соопштувам дека одам во пензија. Им благодарам на сите за прекрасните моменти, ова е најтешката одлука која сум ја донел, збогум“ – напиша Пакијао на Твитер.

Пакјано најави кандидатура за претседател на својата земја на изборите во 2022 година, во моментот ја извршува функцијата сенатор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON