Легендарниот професионален борач Хулк Хоган спасил тинејџерка која била зад воланот на нејзинотото возило кое се превртело во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила во близина на Тампа, Флорида, кога 17-годишна девојка, обидувајќи се да се исклучи од автопатот со својот автомобил, удрила во друго возило и се превртела.
Хоган, кој возел со сопругата и пријател, видел што се случило и веднаш дошол на помош.
Тој заедно со својот пријател Џејк од автомобилот ја извлекол несреќната девојка која била во шок.
Ги ослободиле воздушните перничиња и на безбедно ја извлекле тинејџерката која не е тешко повредена.
Сопругата на Хоган ги сподели деталите за несреќата преку социјалните мрежи, а се јави и Хулк и рече дека се добро се завршило.