Легендарниот џудист Џин Лебел почина на 89-годишна возраст

Џин Лебел е еден од пионерите на џудото и има огромна улога во популаризацијата на граплингот. Ветеранот почина вчера на 89-годишна возраст.

Лебел беше иконска фигура во борбените спортови, имајќи огромно влијание во џудо, ММА и граплинг.

Тој беше човекот во аголот на Ронда Русеј во УФЦ, но под негово водство тренираа ѕвезди како Шугар Реј Робинсон, Мухамед Али, Брус Ли, Чак Норис, Роди Пајпер и други.

Лебел е човекот кој исто така гради граплери како Гокор Чивичан, Каро Парисјан и Мани Гамбуријан.

Глумел и во над 1.000 филмови и има објавено 12 книги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON