БоксПрофесионален

Легендарент боксер за мечот против Конор Мек Грегор: Премногу зборува, сакам да му ја затворам устата!

Единствениот боксер кој освоил светски титули во осум различни категории по тежина, легендарниот Мани Пакијао, ги спореди двата најголеми ривали во историјата на UFC – Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов.

„Пакмен“ беше прашан за време на интервју за IBA Boxing дали е заинтересиран за боксерски меч против Мекгрегор, на што Филипинецот одговори потврдно:

– О, да. Борба со Конор Мек Грегор е можна“, рече Пакијао.

После тоа, следното прашање беше: „Дали би сакале да се борите против Мек Грегор или Нурмагомедов“?. Пакијао го пофали дагестанкиот „Орел“, нарекувајќи го вистински спортски модел, а во исто време го критикуваше познатиот Ирец и неговата нескромна природа.

Наскоро 47-годишниот боксер рече следново:

„(Радо би се борел) со Мек Грегор. Затоа што премногу зборува. Сакам да му ја затворам устата’.

Хабиб е фин човек, добар човек е, скромен е. Тоа е инспиративно. Тој е добар спортски пример“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RED CORNER MMA (@redcorner.mma)

Гласините за можен меч меѓу Пакијао и Мек Грегор се појавија уште во 2020 година, кога Конор објави дека сака враќање во боксот, три години по борбата со Флојд Мејведер.

Мек Грегор јавно изјави дека сака да се бори со Пакијао во Дубаи или на Блискиот Исток. Од таборот на Пакијао потврдија дека имало прелиминарни разговори меѓу нивните менаџерски тимови. Дури и Пакијао еднаш рече дека сите приходи од борбата ќе ги донира на жртвите од пандемијата на Филипините, што дополнително ги разгоре шпекулациите.

Сепак, Мек Грегор се врати во УФЦ во јануари 2021 година и загуби од Дастин Пориер, со што ги заврши преговорите. Во меѓувреме, Пакијао потпиша договор за борба против Ерол Спенс (што подоцна го стори против Јорданис Угас).

Дури и во 2023 и 2024 година повремено се шпекулираше за егзибициска борба меѓу Пакијао и Мек Грегор, но ништо конкретно не беше договорено.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON