УФЦ додаде две нови возбудливи борби на веќе закажаните.
На 11 ноември бразилската легенда во полутешка категорија на УФЦ, Рожерио Ножеира, се очекува да се врати во октагонот, на УФЦ Фајт најт во Норфолк, Вирџинија.
Според Комбат, Ножеира треба да се соочи со Џаред Каноњер во главната битка на вечерта во полу-тешка категорија.
Кога ќе дојде време за оваа битка, Ножеира ќе направи точно една година надвор од кафезот на УФЦ. Во ноември минатата година, актуелниот победник на Белатор, Рајан Бадер, го победи Ножеира со ТКО во третата рунда.
Пред овој пораз, Ножеира го победи Патрик Каминс со ТКО во првата рунда. Едни од најзанчајните победи на Ножеира се оние против легендите како Рашад Еванс и Тито Ортиз.
Каноњер, ќе влезе во оваа битка по победата со TКO над Ник Роерик, која ја забележа минатиот месец.
Од УФЦ ја објавија и борбата во полусредна категорија за враќањето во Јапонија.
На 23 септември, Лук Џумеу ќе се сретне со Шиншо Анзаи на УФЦ Фајт најт во Саитама, Јапонија.
Враќањето на УФЦ во Јапонија ќе биде предводено од борбата меѓу поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Маурисио Руа – Шогун и Овинс Сент Пјер.