Лебедев го победи Фланеган, Путин лично му честиташе (ФОТО)

Светскиот шампион на ВБА во полутешка категорија, Денис Лебедев (30-2, 22 КО), го победи Австралиецот Марк Фланеган (22-5, 15 КО) во меч кој се одржа во Екатеринбург.

37-годишниот Русин имаше предност во текот на целиот дуел над 27-годишниот Фланеган. Во 9-тата рунда Лебедев тешко го удри противникот во плексусот и судијата досуди нокдаун на австралискиот боксер. Така Лебедев го доби мечот со едногласна одлука на судиите: 119 – 108, 119 – 108 и 120 – 107.

Претседателот на Русија Владимир Путин му ја честиташе Денис Лебедев успешната одбрана на светската титула во ВБА. Путин не можеше да го гледа дуелот во живо, иако беше во посета на Екатеринбург, но утрово успеа лично да му честита на Лебедев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON