Борбата во завршницата на сезоната на „Татнефт купот“ во Казан која привлече најголемо внимание беше онаа меѓу Жером Ле Банер и Вјачеслав Дацик.
42-годишниот Русин, кој го нокаутира Андреј Арловски во ММА дебито во 1999 година, познат е по сериозни проблеми со менталното здравје и повеќегодиншна затворска казна.
По правилата на Татнефт доколку мечот не заврши со прекин или ако некој борец не забележи нокдаун во текот на првите три рунди автоматски се оди во екстра рунда без разлика колку некој бил подобар во претходните 9 минути.
Откако беше подобар во првата рунда и се чинеше дека оди кон нова победа, 46-годишниот „Џеронимо“ заврши во нокдаун. Дацик двократниот финалист на К-1 Гранд при, кој одамна стана отпорен на удари, соборуваш со лево кроше на почетокот од втората рунда.
Французинот успеа да одгвори на броењето и во пресотанатите две минути да го нокаутира Дацик со ливер кик.
Ова е четврта победа на Ле Банер во исто толку настапи оваа година. Тој тежеше 119 килограми за мечот.