Ирскиот ММА борец Дарио Синагога нема по добро да го памети својот настап на настанот БФЛ.
Имено, Дарио ги имаше сите шест победи до настанот во Ванкувер, а сега, за жал, загуби за само 11 секунди против Еш Машреги.
Но, немаше да биде новост доколку не се однесуваше неспортски на почетокот на мечот.
На сигналот за почеток на борбата, Ирецот тргна кон противникот, а во знак на поздрав ја подаде кренатата рака.
Еш почувствува дека не треба премногу да му верува на Дарио и не падна на лажниот гест. Тој избегна да биде соборен и со неколку силни удари го собори ирскиот борец и веднаш го заврши мечот.
Тоа беше втора победа во низа за Машреги по четири порази во низа. Интересно е дека порано тренираа заедно.
„Порано со Дарио трениравме заедно, а кога доаѓаше во теретана постојано добиваше ќотек. Бевме огромни, а тоа не му одговараше премногу. Покажа голема храброст и созреваше со времето. Стана посилен и потоа во спаринг можеше да освои рунда“, изјави Еш Машреги.
That's what happens when ya fake a glove touch!!!#BFL76 pic.twitter.com/tEqx8l4ljn
— UFC FIGHT PASS (@UFCFightPass) March 31, 2023