Утрово Јасин Лама и Гоце Јанески отпатуваа за Лондон на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио ова лето.
Нив ќе ги води селекторот Хезус Солет Томасен. Љама ќе настапи во категоријата до 63 килограми а Гоце до 75. Тие имаа пдоготовки со репрезентацијата на Србија.
„Подготовикете поминaа многу добро. Со српските репрезентативци имавме извонредни подготовки. Многу добро сум подготвен и очекамувам добар резултат“, вели Јасин и додава: „Ќе давам се од себе да обезбедам норма за Олимпијадата, бидејќи тоа е мојата цел, да се квалификувам за Токио. Очекувам и поволна жребка“.
Квалификациите почнуваат на 14 март.