Македонија ќе настапи со двајца боксери на силниот Меѓународен турнир „Акрополис куп“ во Атина, Грција, од 15 до 21 јуни.
Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат Јасин Лама (-67 кг) и Ардијан Аземи (+92 кг). Во последен момент отпадна Арсим Етеми поради повреда на Аркадата.
Репрезентацијата ќе ја предводат Руждија Калач и Насер Харуни.