Кузмановски жали за пропуштените прилики на Несторовски и Весели, но не го напушта оптимизмот!

Ace Kuzmanovski portret

Тренерот на репрезентацијата за кадети и јуниори во борби, Александар Кузмановски, специјално за IPON.mk направи каратка анализа на досегашните настапи на нашите репрезентативци на Свесткото карате првенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Џакарта-Индонезија.

Reprezenacija vo dzakarta

Кузмановски жали за пропуштените прилики за освојување на медал од страна на Филип Несторовски и Фаик Весели, но оптимизмот не го напушта, верува дека во преостанатите два дена Македонија ќе освои медал од СП.

„На Емилија Јаниќ и на Вјолца Гафури им треба поголемо меѓународно искуство. За Вероника Костовска и Моника Пендаровска, иако најмногу очекував од нив, изгореа во желбата за победа. Сепак, ова е Светско првенство, кое досега е најбројно и најквалитетно, затоа што можеби некој од  овие натпреварувачи за пет години ќе земат учество на Олимпијадата 2020 во Токио-Јапонија.

Морам да го издвојам резултатот на Филип Несторовски, 7 место, иако можеше повеќе, се опушти премногу рано и го изгуби клучниот настап со Шпанецот. Денеска најдобар беше Фаик Весели, кој го освои петото место, што кажува дека има потенцијал кој многу ветува. За влакно го пропушти финалето, а за третото место изгуби од Јапонецот, чија репрезентација досега има освоено осум златни медали. Добар настап имаше и Роберто Ацковски. Задоволен сум од досегашните настапи, но, искрено, утре очекувам добар резултат“, констатираше Кузмановски.

MKD na SP karate Dazkarta

На СП учествуваат 1450 каратисти од 92 држави.

Кадет Фахик Весели во – 52 кг. 5 место (4 поради и 2 порази )

За влез во финале загуби турскиот репрепрезентативец Абдурахим Озер Омер 6-2. Во борбата за бронзенбиот медал е поразен од Јонусуке Минами (Јапонија) со 6-2. Победи против Гркот Христос Суфијас Томас 8-3, Михајло Поповиќ од Србија со изјаснување, бидејќи борбата заврши 6-6, за потоа да салви со ист резултат 4-3 против домашниот каратист Виџаја Алвијан Диванга (Индонезија) и Кевин Паукар од Еквадор.

Кадет Филип Несторовски  во – 70 кг. 7 место (2 победи и 2 порази)

Пораз од Шпанецот Марк Камачо Торес со 4-2, славеше над Илад Феизрахманов од Русија со 6-3 и Бен Дебортоли од Австралија со 5-1. Во репасажот Несторовски е поразен од Данецот Емил Хаструп со 2-0.

Кадет Роберто Ацковски  (-63 кг,кадет) изгуби во третата борба

Две победи против Давид Подсклан од Словачка и Раушан Маураја од Индија со 3-1 и 1-1, пораз од Русинот Асиман Мамедов со 4-0.

Јуниор Вероника Костовска (-53 кг) изгуби во првата борба

Поразена во второто коло од претставничката на Тајпеј Чинг Хуанг со 3-0, бидејќи во првото беше слободна.

Јуниор Моника Пендаровска (-59 кг) изгуби во првата борба

Пораз во второто коло,однонсо во првиот настап од Италијанката Алесија Папаицо со 4-0.

Јуниор Давид Петков (-61 кг) изгуби во втората борба

Победа против Португалецот Васко Леитао, а загуби од Стефан Илиќ од Босна и Херцеговина.со идентичен резултат 1-0.

Вчера

Кадет Емилија Јаниќ (-54 кг)  (2 порази)

Претрепе пораз од 1-2 од Кајра Сежџин од Турција. Турчинката стаса до полуфиналето, па Јањиќ доби шанса во репасажот, при што загуби од Дина Дурмиш (Србија) со 0-1.

Кадет Вјолца Гафури (- 54 кг) првата борба ја изгуби

Гафури  е совладана од Бугарката Ивет Горанова со 3-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON